Хумана одлука на семејството на Рајко Дујмиќ, ќе ги донира неговите органите
Објавено на 6 август, 2020 во 09:10
6.08.2020
Вчера почина фронтменот на „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ, од последиците од тешката сообраќајна незгода што ја доживеа пред неколку дена.
Неговото семејство во најтешките моменти за нив, се одлучи за хуман чин. Ќе ги донираат органите на Рајко за да спасат нечиј друг живот.
„Стотици денови и ноќи поминавме заедно. Никогаш не ни беше здодевно, за 35 години ниту еднаш не се скаравме. Прекрасен, благ карактер, од него никогаш не требаше да се побара помош, тој секогаш сам помагаше. Горд сум на семејството кое се одлучи да ги дарува неговите органи. Бидејќи Рајко така ќе продолжи да живее. И пак ќе помогне некому“, рекол неговиот близок пријател Нено Нинчевиќ.