Разбудете го вашето тело со сок од моркови
Објавено на 9 март, 2020 во 14:28
Покрај тоа што го чисти организмот, овој сок ќе ве наполни со витамини.
Потребно е:
1 поголем морков
1 мандарина
1 јаболко
1/2 банана
1/2 лимон
1 лажичка мед
300 мл. вода
Подготовка:
Во блендер истурете ја водата и исечете го морковот на кругови. Додадете го исеченото јаболко, бананата, исцеден сок од мандарина и сок од лимон. Ставете и една лажичка мед. Убаво изблендирајте во блендер и уживајте!