Ослободете се од стресот на природен начин
Објавено на 16 февруари, 2016 во 07:49
Ви откриваме неколку природни начини за ублажување на стресот.
Смеење – Најдобро го поправува расположението. Докажано е дека е поврзано со ниското ниво на кортизол,хормон на стресот во крвта.
Домашни галеници – Докажано е дека играта со животните го поправува расположението и прави да се чувствувате добро. Само неколку минути игра со домашни миленичиња ќе го намали стресот и нервозата.
Книга или музика – Читање или слушање на музика ги опушта мускулите и го забавува работењето на срцето. 5 минути ќе бидат доволни да почнете да се чувствувате подобро.