Контрацептивни пилули и ризикот од мултиплекс склероза
Освен поврзаноста на контрацептивните апчиња со ризик д мултиплекс склероза научниците ги поврзаа и со дебелината. Зголемено нивото на хормонот лептин предизвикува воспаление во телото.
Дебелината и хормоните од апчиња за контрацепција го погодуваат развојот на мултиплекс склероза, потврдија две одделни студии на Kaiser Permanente Медицински центар во Калифорнија и аргентинскиот Институт Raul Carrera во Буенос Аирес.
Жените кои земале пилула имала 35 отсто поголем ризик од мултиплекс склероза од оние кои не ги користат, покажала една студија на 305 жени заболени од мултиплекс склероза и 3050 здрави жени. Речиси три години пред да се појават првите симптоми, 29 проценти од заболените и 24 проценти од здравите жени земале пилули.
Ризикот од сериозната болест, исто така,е два пати поголем кај дебелите жени,пишува Medical News Today. Кај дебелите луѓе нивото на хормонот лептин, кој е одговорен за регулирање на апетитот и имунитетот, бил зголемен. Тоа предизвикало воспаление во телото. Слична врска научниците откриле и со контрацептивните апчиња врз основа на прогестерон и естроген.
Мултиплекс склероза е болест на централниот нервен систем, а заболените најчесто имаат проблеми со координација, рамнотежа, и мускулна слабост. Најчесто заболуваат луѓето на возраст од 20 до 40 години. Во тешки случаи може да предизвика делумна или целосна парализа.