Фстаци – не се евтини, но се неверојатно здрави!
Овој јаткасти плод е вистински извор на здравјето. Запознајте ги осумте супер моќни својства на овој зелен плод кој секогаш е полу сокриен во лушпата!
За здраво срце
Полн е со антиоксиданси, како што се витамините А и Е, кои се борат против воспаленијата, ги штитат крвните жили и го намалуваат ризикот од срцевите заболувања. Дури и со нивната консумација се зголемува нивото на лутеин, моќен антиоксиданс, кој штити од лошиот холестерол и така го штити здравјето на најважниот орган во телото – срцето!
Го регулира шеќерот во крвта
Јадејќи ги фстаците се намалуваат шансите за настанување на дијабетес тип 2. Во една шолја фстаци се наоѓа дури 60% препорачани дневни дози на фосфор.
За здрава крв
Фстаците се одличен извор на витамин Б. Овој витамин е есенцијален за производството на хемоглобин, протеин кој е одговорен за пренесување на оксигенот низ крвотокот до клетките, но кои исто така го зголемуваат нивото на оксигенот кој го пренесува.
Добар за нервниот систем
Витаминот Б6 кој се наоѓа во овие ореви има позитивно делување на нашиот нервни систем. Познат е и како витамин на нервите. Витаминот Б6 овозможува создавање на неколку неуротрансмитери, кои ја пренесуваат пораката во нервниот систем.
За здрав имунитет
Здравиот имунолошки систем бара адекватна доза на витамин Б6, кој во фстаците го има многу. Витаминот Б6 (пиридоксин) е еден од осумте Б витамини кои на телото му помагаат да ја претвори храната во енергија. Дефицитот на витаминот Б6 е редок и се манифестира како слабост во мускулите, нервоза, депресија, слаба концентрација и губење на краткорочното помнење.
Штити од рак
Витаминот Е штити од одредени видови на рак, а фстаците обилуваат со гама – токоферол ( видот на витамин Е) кој може да го намали ризикот од развивање на ракот на белите дробови дури за 30%. 68 грама фстаци дневно е извонредна превентива од малигните заболувања. А со оглед на тоа дека се одличен извор на влакна, пресудни се во забрзувањето на метаболизмот и така ги намалуваат шансите за настанување на ракот на дебелото црево.