Нега на бебешки нокти
Објавено на 9 декември, 2016 во 08:40
Некои бебиња веднаш по раѓањето имаат долги нокти, па сестрите во болница веднаш им ставаат ракавици за да не се изгребат. Меѓутоа, кај најголемиот број на новороденчиња првото средување на ноктите треба да го направите неколку дена по доаѓањето дома.
За сечење на ноктите на бебето треба да набавите специјални ножички со заоблен врв, за да ја намалите можноста од повреда на минимум. Сечењето на ноктите најдобро е да го извршите додека бебето спие.
Држете ги прстите на бебето цврсто во својата рака, а раката потпрете ја на некоја стабилна површина. Ноктињата исечете ги кружно на рацете, а право на нозете.