Стил на денот: Бунда во небесно сина боја
Објавено на 16 ноември, 2022 во 10:30
Во монохроматски комбинации или комбинирани една со друга, оваа боја ќе ви го разубави гардероберот и ќе ви го подобри расположението оваа есен.
За сезоната есен-зима голем хит е темно сината боја со нијанси како индиго и тегет. Но оваа модна сезона имаме освежување со посветла нијанса на сината боја, т.н. небесно сина. Особено актуелна во монохроматски комбинации, оваа боја е must-have за претстојниот период.
Затоа за денес имаме бунда во необична небесно сина боја која освојува на прв поглед.