Електрични тротинети не смеат да се возат на тротоарите во Германија
Со овој потег на германските власти се настојува тротоарите да останат безбедни за пешаците . Горниот дом на германскиот Парламент, Бундесрат, го потврди предлогот на министерот за транспорт Андреас Шауер , со кој електричните тротинети од тротоарите се префрлаат на улиците.
Со овој предлог , Германија е една од последните држави во Европа , каде електричните тротинети и слични возила се префрлаат на улиците и да станат рамноправни учесници во сообраќајот.
Ваквите возила не смеат да се движат побрзо од 20 км/час , а возачот треба да биде постар од 14 години. Освен на улиците, електричните скутери и тротинети , како и сличните возила , ќе може да се движат и на велосипедските патеки.
На возачите ќе им биде забрането да носат слушалки за време на возењето , а таквиот прекршок ќе се казнува со 135 евра.