„FORTUNE“ ја состави Топ 5 листата на смартфони за 2018
Американското бизнис издание „Fortune“, објави топ 5 листа на најдобри паметни телефони за 2018 година. Во неа, очекувано, вклучени се модели од водечките брендови на пазарот.
И така, најдобрите смартфони според „Fortune“ се iPhone XS Max, Google Pixel 3, Huawei Mate 20 Pro, OnePlus 6T и Samsung Galaxy Note9. Многумина можат да ја оспорат оваа листа, но субјективни
оценки се неизбежни кога се зборува за паметни телефони.
Топ 5 на „Fortune“ ја потврдува засега доминацијата на Applе и Samsung, која започна во почетокот на втората деценија на новиот век, за сметка на пионери на смартфон пазарот како Nokia и HTC.
Истовремено присуството на две кинески компании во Топ 5 на најдобрите – Huawei и Oppo – сугерира дека во блиска перспектива сегашните лидери можат да бидат во подредена улога.
iPhone XS Max е пофален поради хардверот и квалитетниот софтвер, кај Google Pixel 3 се истакнува квалитетот на сликите, додека Huawei Mate 20 Pro е оценет како за одлични фотографски
способности, така и за долготрајната автономна работа и технологијата за вештачката интелигенција.
OnePlus 6T спаѓа во престижната листа, заради добрата комбинација на цена и перформанси и исклучително брзиот скенер за отпечаток. Samsung Galaxy Note9 е наведен како најдобар
предводник кај Android паметните телефони.