Данска Агенција воведува роботи новинари
Данската новинска агенција „Ritzau“ и локалните весници развија спортски робот кој пишува прилагодени извештаи по секој локалент натпревар.
Извештаите се прилагодуваат така што еден се насочува на домашнит, а друг робот на гостинскиот тим.
Ritzau објави дека услугата е важен чекот кон понатамошен развој на редакцијата во роботското новинарство. Агенцијата претходно покрена сервис за финансирање на роботите под наслов Autoflash.
Директорот за развој Кристофер Гравгард изјави дека агенцијата очекува реакции од читателите.
„Локалниот спорт е важен, но невозможна мисија е да се покријат сите тимови со доделување новинари. Затоа задоволни сме со ова решение со роботи и сакаме да видиме како нашите читатели ќе гледаат на оваа услуга“, велу главниот уредник Ларс Јесперсен во весникот „Nordjyske”.