Ако сте ги усовршиле овие програмски јазици лесно ќе најдете работа!
Кариерата во секторот на информатичка технологија е вистински сон за денешните млади луѓе. Веројатно денес, децата не велат дека како возрасни сакаат да бидат доктори, учители или космонаути, туку програмери.
Таков сон не е неостварлив, сè додека некој впрегне сили и научи барем еден од основните програмски јазици.
Но, како да одберете кој точно? За среќа, одговорот на ова прашање може да се најде на платформата Stack Overow, каде што програмерите од целиот свет се „собираат“ и разговараат за најновите случувања во индустријата.
Секоја година, сајтот објавува листа на најпопуларни и најбарани програмски јазици. Во оваа 2018 година, повеќе од 100.000 специјалисти се приклучиле.
Еве како изгледа тековната листа за оваа година:
1. Javascript;
2. HTML;
3. Cascading Style Sheets (CSS);
4. Structured Query Language (SQL);
5. Java;
6. Bash/Shell;
7. Python;
8. C#;
9. PHP;
10. C++;
11. C;
12. TypeScript;
13. Ruby;
14. Swift.