Каков подарок за секој хороскопски знак ?
Погледнете кои се најдобрите подароци за секој хороскопски знак.
Овен:
Новиот подарок на овенот потрудете се да биде во склад со неговите најнови страсти. Тоа може да биде прибор за сликање, цртање или па часови за гитара, зошто да не. Овенот со нетрпение ќе го очекува отпочнувањето на своето ново хоби.
Бик:
Вредните Бикови сакаат се што би ги опуштило и што буди добро чуство. Уплатете им ден во спа центарот проследено со масажа. Тие ќе бидат пресреќни!
Близнаци:
Близнаците сакаат нова техника и откритија, со што би го нахраниле нивниот авантуристички дух и желбата за дознавање нови работи. Киндле или Ipad сигурно ќе им биде многу драгоцен подарок – ако не нешто повеќе барем на неколку часа!
Рак:
Луѓето кои се Рак сакаат да добиват подароци кои ќе можат да ги изложуваат во својот дом, тоа е за нив најценет подарок. Ако на пример сте им урамиле фотографија со нивното омилено место а кое сте биле на одмор, ќе го ценат подарокот премногу.
Лав:
Лавовите сакаат да се чуствуваат посебно и секогаш да бидат во тек со модните трендови. Купете им, на пример карти за некој битен настан и направете им го уште по посебен – изведете ги на вечера во скап ресторан и напијте се некој скап пијалок.
Девица:
Девиците имаат единствен вкус и се доста специфични. Дознајте што сакаат и купете им нешто што е доста ретко и едноставно.
Вага:
Вагите сакаат да бидат опкружени со работи кои изгледаат убаво и кои ги прават да се чуствуваат убаво. Убав џемпер, неколку пара убави менѓуши или убава вазна со букет ќе ги задоволи Вагите кои се заљубени во убавината.
Скорпија:
Сите скорпии имаат некаква опсесија, никогаш не им е доволно од работи кои се поврзани со нив. Без разлика дали се работи за редок албум од нивниот омилен бенд или карти за предавања по квантна физика, ако им обезбедите нешто што ја храни нивната опсесија, ќе ви бидат неизмерно благодарни.
Стрелец:
Стрелецот секогаш мечтае за нови авантури. Резервирајте викенд за двајца на некоја планина или исполнете им го сонот да идете на некое скокање со падобран или слично.
Јарец:
Јарците ги ценат фините работи и сакаат да добиваат поклони. Колку што се подароците по скапоцени толку подобро. Купете им уникатна дизајнирана торба, најнов блендер и ќе успеете да допрете длабоко во нив.
Водолија:
Секогаш се отворени и сакаат да научат нови работи, Водолиите би биле најсреќни доколку добијат нешто што ќе им овозможи да научат нешто или стекнат некоја нова вештина. Уплатете им часови по некој јазик кој не го знаат, часови по танц и т.н.
Риби:
Рибите сакаат да бидат опкружени со убави работи и љубов. Купете им некој убав уметнички предмет – слика или скулптура, сет од керамички чинии или убаво рачно изработена чинија.