ЦИА објави илјадници документи за НЛО, кои се сега достапни на интернет
13.01.2021
Над илјада документи на ЦИА за неидентификувани летечки објекти се достапни да се симнат од интернет.
Документите се објавени онлајн благодарејќи на сајтот „Black Vault″, кој го води Џон Гринвалд Џуниор, активист посветен на слобода на информациите.
Архивата која може да се симне од интернет е резултат на напорите на Гринвалд, кој поднесе дури 10.000 барања за пристап на информации од јавно значење и кој рачно скенираше повеќе од 2,2 милиони страни, кои сега се достапни на пошироката јавност, така што можат да се превземат од интернет.
Некои извештаи на ЦИА за НЛО се стари со декади и американската разузнавачка агенција тврди дека тоа се што има во архивата за неидентификуваните летачки објекти. Меѓутоа, Гринвалд наведува дека таквото тврдење на ЦИА не може да биде потврдено.
Документите се објавени пред истекот на рокот кој со закон е даден од државните органи за објава на извештаите за НЛО. Тие содржат бројни сведочења за необјасниви контакти, но бројни детали се скриени.
Гринвалд тврди дека ЦИА не била расположена за соработка кога станувало збор за неговите барања и дека дури и технички се обидувале да му отежнат преземање на документите.
Мите Јаначков