Кога се раѓаат паметни деца?
19.11.2020
Како месецот во кој е родено вашето дете ја одредува интелигенцијата и неговите достигнувањата?
Когнитивниот развој на 1,2 милиони деца на училишна возраст бил предизвик за истражување на Универзитетот во Торонто, Универзитетот во Флорида и Универзитетот „Нортвестерн“. Анализата всушност утврдила во кој месец се раѓаат најпаметните луѓе.
Анкетираните деца учеле во државни училишта и биле на возраст помеѓу шест и петнаесет години.
Резултатите на анкетата, како дел од истражувањето, покажале дека децата родени во септември имаат повисок просек на оценки од оние родени во текот на другите месеци. Истражувачите резултатот го припишуваат на фактот дека тие се малку постари кога ќе почнат да одат во училиште и тоа може да влијае на нивниот развој, земајќи го предвид фактот дека тие се постари единаесет месеци од некои свои врсници додека пак децата родени во август имале најнизок просек, што на некој начин ја потврдува оваа теорија.
Исто така, истражувачите веруваат дека децата родени во септември имаат поголеми шанси да се запишат на универзитет бидејќи нивниот просек може само да се подобри со текот на времето.
Истражувањето има и добри вести за децата кои не се родени во текот на деветтиот месец од годината.
Иако не постигнале добри резултати, останатите деца, подоцна ги стигнале своите постари другарчиња. Резултат на ова истражување е заклучокот дека родените во септември имаат помала веројатност да завршат во затвор.