Германските градови се најмалку стресни, прв е Штудгарт
Ако мирниот и безгрижен живот подразбира шетање покрај дрвја и цвеќе, поголема сума на банкарската сметка и сигурна работа, тогаш идеално место за живот е Германија.
Ново истражување ги покажа дека најмногу и најмалку стресните градови во 2017 година врз основа на сообраќајната гужва, јавниот превоз, процентот на зелени површини, финансискиот статус на граѓаните вклучувајќи и ниво на долг, физичкото и менталното здравје како и количината сончева светлина која градот ја добива годишно.
Од 150 рангирани, четири од десет најмалку стресни градови се во Германија. Штутгарт е најмалку стресен, Хановер е на трето, Минхен на петто, а Хамбург заедно со Грац на деветто место.
Малиот, но богат Луксембург, е дом на 600.000 жители, а има второ најниско ниво на стрес.
Швајцарски Берн е четврт, француски Бордо шести, Единбург на седмо место. Сиднеј во Австралија е единствениот неевропски град меѓу првите десет најмалку стресни градови, а Сиетл во САД е најмалку стресен.
Најстресен град е Багдад, а по него Кабул.
Тајната на безгрижност во Штутгарт е јаката локална економија (Porsche, Bosch i Mercedes-Benz), но придонесуваат и бројните зелени површини
Што се однесува на сигурноста Абу Даби, а по него Осака во Јапонија се најпогодни градови за живот.
Иако сончевото време влијае на добро расположение, количината на сончево зраци не придонесе многу за вкупното рангирање на „сончеви градови“. Дамаск е на прво место во оваа категорија, а Бордо по оваа категорија се наоѓа на 56 место.
Градовите на Северна Америка се најмалку загадени.
Главниот град на Камбоџа, Пном Пен има најмала стапка на невработеност. Луксембург, Бордо и Грац се во врвот по категоријата најповолни за ментално здравје, а Рејкјавик е најдобар за физичкото здравје.
Што се однесува до еднаквоста предничат американските градови, Сан Франциско, Бостон и Сиетл.
Десет најмалку стресни градови:
1. Штутгарт, Германија
2. Луксембург, Луксембург
3. Хановер, Германија
4. Берн, Швајцарија
5. Минхен, Германија
6. Бордо, Франција
7. Единбург, Велика Британија
8. Сиднеј, Австралија
9. Грац, Австрија и Хамбург, Германија
Десет најстресни градови на светот:
1. Багдад, Ирак
2. Кабул, Авганистан
3. Лагос, Нигерија
4. Дакар, Сенегал
5. Каиро, Египет
6. Техереан, Иран
7. Дака, Бангладеш
8. Карачи, Пакистан
9. Њу Делхи, Индија
10. Манила, Филипини