Белорусите голи на работа по наредба на Лукашенко
Најновиот тренд во Белорусија е поставување на фотографии на интернет од работното место, но без облека.
Над стотина Белоруси на Инстаграм и на другите социјални мрежи објавиле фотографии на кои седат на работното место, работат на компјутер, држат видео-презентации и тоа секогаш без облека.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тоа им го наредил претседателот на земјата, Александар Лукашенко.
– Знаете што да работите, како да работите и кои цели да ги остварите. Се е едноставно, иновации, ИТ технологија, приватизација. Сето тоа веќе сме го правеле. Целиот наш живот е една едноставна работа: мораме да се соблечеме и да работиме – изјавил тој на еден неодамнешен собир.
Како што објаснуваат медиумите, тој сакал да каже да се „развиваме и да работиме“, но направил грешка бидејќи два збора звучат слично – „razvivatsa“ ( се развиваме) и „razdevatsa“ (да се соблечеме), а Белорусите го усвоиле вториот збор како наредба.
Без оглед на грешката, тоа било доволен поттик Белорусите да направат еден нов тренд на интернет.
Така сега социјалната мрежа Инстаграм е преполна со фотографии од голи луѓе кои работат во канцеларии, шијат, работат на поле, бојадисуваат, разнесуваат пакети итн.
Извор: Плусинфо.мк