Арапи за девица од БиХ плаќаат 160.000 долари!
Арапите се подготвени да издвојат добра сума за жените од Босна и Херцеговина, а за девица нудат и до 160.000 долари, се наведува во истражувањето на телевизијата Н1.
– Имав ситуации кога сопственикот на една агенција од Дубаи ми испрати човек кој бараше девица. Повеќе преферираше некоја жена од помали заедници, од помали градови – раскажал туристички работник за искуствата со гостинот од Абу Даби.
Од еден Арап добил 160.000 долари за девица од Горажде.
– Се јави една жена која е вдовица. Ми рече дека се согласува, дека има каде да ги остави децата, и дека е подготвена да оди на пластична операција за повторно да биде девица, ако тоа е услов – додал тој за ТВ Н1.
Добитната комбинација за жените од БиХ кои сакаат да завршат како сопруги на богатите Арапи е следната: светол тен, крупни очи, муслиманско потекло.
Без разлика дали е за мажење или за една ноќ, жените од БиХ се бараат како дел од туристичката понуда.
Извор: Плусинфо.мк