Спасија слонче заглавено во улична шахта
Објавено на 31 мај, 2016 во 07:46
Бебе слонче беше спасено откако падна во незаштитена улична шахта во Шри Ланка, пренесе “Ројтерс”. Инцидентот се случи во пристанишниот град Хамбантота
Пристанишни работници им помогнаа на спасувачките екипи да го прошират окното за да направат поголем отворот и да го извлечат слончето.
Животното е однесено во ветеринарна клиника со сомнежи дека има скршена нога.
Јужниот пристанишен град Хамбантота е познат по стотиците диви слонови, кои слободно се шетаат наоколу.
Извор: Локално.мк