Желка повредена во пожар доби нов 3Д оклоп
Кога се запалила грмушката во која се наоѓала желката Фред мали биле шансите таа да го преживее пожарот.
Кога се запалила грмушката во која се наоѓала женката желка Фред мали биле шансите таа да го преживее. Оваа желка преживеала пожар, пневмонија и гладување од 45 дена. Ја пронашол докторот Родриго Рабело, а кога ја здогледал го потсетила на иконата на хорор филмовите, Фреди Кругер, и така го добила своето име.
Благодарение на групата хирурзи познати како „Енимал авенџерс“, Фреди ја преживеал оваа тешка ситуација, но исто така станал и горд сопственик на првиот 3Д оклоп на светот.
– Фреди е првата желка на светот која добила прв обновен оклоп и прво животно на кое ние како новоформирана група на спасувачи на животни , му помогнавме – изјавил дизајнерот Сисеро Моралес, член на волонтерската група во Сао Паоло.
Тој го дизајнирал оклопот на Фреди реконструирајќи ги 3Д компјутерските фотографии базирани на различни фотографии на Фреди.
Дизајнот му го испратил на доктор Пол Миамото, забен хирург, кој скицата ја претворил во реалност користејќи 3Д печатач. Процесот на правењето на новиот оклоп траело извесно време, а кога бил завршен бидејќи бил со бела боја, Родриго и неговиот тим му се обратиле на еден бразилски сликар да ја наслика. На крај направиле историја во ветерината. Фред сега живее со својот пронаоѓач и ужива во својот нов оклоп.
Извор: Плусинфо.мк