Евровизиската песна „YOU“ промовирана пред домашната, македонска публика
Песната „Со тебе“, со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизијата, заедно со спот беше промовирана вчера на МТВ. Од вчера, до сега најразлични се коментарите за нашето претставување. Од супер позитивни, до негативни, кои не ни предвидуваат влез во финале. Васил вели дека секој има право на свое мислење, но дека тој не сака ниту да ги чита, ниту да дозволи да го допрат негативните коментари, бидејки „само напред кон светлината„ е неговото мото.
-Јас се чувствувам фантастично, не сакам да читам реакции, секој има право на свое мислење. Им верувам на пораките кои стигнуваат дирекно до мене. А тие се позитивни и полни со надеж. Реакцијата на новинарите исто така е супер и тоа ме стопли. Јас се фокусирам на мојата визија, верувам во мојата визија, е сега има секакви коментари, но наше е кои ќе ги гледаме а јас го гледам само светлото пред себе, вели тој.
Васил, кој важи за позитивен и мил лик, уште еднаш не ја испушти можноста да ги повика сите за поддршка.
-Јас ја претставувам Македонија и зато ми треба Макдонија зад мене. За да успееме заедно. Ако сме заедно, само така можеме да успееме. И затоа јас не сакам ниту да ги читам ниту да ги коментирам негативните пишувања. Комплетниот впечаток на се она што е замслено ќе се види со сценскиот настап. Тине и Мари од Шведска се задолжени за сценскиот настап. Тие се веќе тука, веќе ја одржавме првата проба. Сакам само да кажам дека играњето во спотот и на сцена секако дека нема да биде исто. Јас се давам целиот во евровизиските подготовки. Тренирам како војник, како да сум олимписки претставник. Ама и тоа нема да го можам сам ако ја немам поддршката од сите нас. Еден од коментарите кој стаса до мене е дека играњето во спотот ги потсетува на танго, но никој не забележа дека низ целата песна има наши инстументи, вели Васил.
Пораката во песната е- ајде да танцуваме. Тоа Васил го кажа и на гостувањето во МТВ вчера, кога официјално беше промовирана песната.
-За мене оваа прекрасна песна има за цел да прати покана да танцуваме, да се конектирме и да го славиме овој миг, сегашноста. Сведоци сме дека не живееме баш во најидеално време, но за мене се зависи од нас. Затоа песната е покана да танцуваме. Македонијо, спреми се да танцуваме. Пораката е дека нам ни треба само еден човек да го направи тој прв потег, да не инспирира за подобро утро. Во спотот преку танц се спојуваме и заборавеме на тешкотиите и само заедно јас и ти, споени правиме магија. Мене секогаш инспирација ми е музиката, верувам во музиката, верувам во нас, рече тој за МТВ.
Дел од пораката во песната е токму тоа што беше одбрано да се промовира на Денот на жената.
– Во могот живот жените го имаат најклучниот момент, почнувајки од мајка ми, која беше најголем иницијатор да ја пеам „Марионка“, потоа женски менторки ми го водат животот, автори на песната за Евросонг се женски, видеоспотот е од жени, сценскиот настап ми го подготвуваат жени и токму од таа причина сакав промоцијата да биде на „8 Март“. Ова е предизвик на сите нас. Сакам да застанеме сите заедно. Јас сум вашиот глас, но без вас нема претставување на Евросонг. Очекувањата ми се сите да танцуваме,да се конектираме, да се поддржуваме.И затоа уште еднаш ке кажам, Македонијо, спремај се да танцуваме, рече Васил.
Ова е 20 претставување на Македонија на Евросонг. Годинава ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија. Македонија настапува прва во првата полуфинална вечер.
Еве ја песната „You“ со која Васил ќе запее на 12 мај, на првата полуфинална вечер во Ротердам.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=xPZumQQExQc&feature=emb_logo
{vembed Y=xPZumQQExQc&feature}