Кристен Стјуард како Дајана во новиот филм за омилената принцеза
20.02.2020
Кристен Стјуард, која се прослави со улогата во сагата „Самрак“, ќе ја глуми младата Дајана Спенсер во филмот „Спенсер“, чие дејство се случува во 90-те години на минатиот век, пренесува Би-би-си.
Сценариото на филмот е на Стивен Најт, автор на серијата „Бирмингемска банда“.
Режисерот Пабло Лајерн рекол дека Стјуард е една од најдобрите глумици на денешницата.
Дејството на филмот ќе се случува во Сандрингем и ќе ја покаже Дајана во моментите кога сфаќа дека нејзиниот брак веќе не функционира.
„Одлучивме да се впуштиме во приказната за идентитетот и околу тоа како жената, некако, одлучува да не биде кралица“, рекол Ларејн за Дедлајн.
„Дајана е жена која во тој период одлучила и сфатила дека сака да биде онаква каква што била пред да го запознае принцот Чарлс“, додал тој.