„Глас Пуле“: Малолетници од хрватскиот полуостров порачувале дрога од Кина
Објавено на 1 октомври, 2018 во 17:06
Малолетници од реонот на хрватскиот полуостров Истра откриле начин како да порачуваат дрога од Кина преку анонимни интернет порачки, обајви весникот „Глас Пуле“.
Според весникот, ова им овозможува дури и на малолетни деца да дојдат до опасни дроги без улични продавачи, туку порачувајќи ја дрогата од Кина како што се порачуваат, на пример, обични маски за телефони.
Весникот пишува дека е распространета дрога на база на амфетамини произведена во Кина, која потоа се меша со други хемиски средства.