Норвешка го гради највисокиот облакодер од дрво во светот што е отпорен на огин
Норвешка наскоро ќе го добие највисокиот облакодер од дрво во светот, висок 80 метри.
На 100 километри северно од Осло, во близина на езерото Мјос ќе биде сместен истоимениот облакодер од 18 ката. Со користењето на дрва како обновлив материјал ќе се редуцира застапеноста на јаглерод диоксид, спротивно од бетонот кој е основен материјал за стамбени згради.
Објектот ќе биде отпорен на огин, ќе биде изграден од специјален материјал и ќе може да издржи пожар.
„Безбедносните мерки за пожар се јасни, зградата ќе биде отпорна на пожар најмалку два часа без да се урне. Кога имате зграда направена од челик и бетон, челикот се топи во случај на пожар и зградата паѓа“, вели Ерик Твеит од фирмата изведувач Hent AS.
Почетокот на изградбата на облакодерот
Облакодерот ќе биде отворен во 2019 година и во него ќе има станови, базен, хотел, ресторан и канцеларии.