Индиец со турбан маршира во кралската гарда на Велика Британија
Синг Лал, 22-годишник од Лестер, ќе остане впишан во историјата како прв човек со турбан кој марширал во кралската гарда на Велика Британија, и така на многумина им даде надеж дека промени се можни.
„Се надевам дека луѓето гледаат и дека ќе го препознаат како нова промена во историјата. Се надевам дека и многумина како мене, не само припадници на сикската заедница туку и од други религии и поинакви заднини, со ова ќе се охрабрат да се придружат на армијата“, вели Лал.
Тој носеше црн турбан, кој потсетува на препознатливите, големи црни капи на кралската гарда во Британија, и на тој начин донесе необична новина во една од напрепознатливите гарди на светот.
Инаку, Лал во британската армија се придружи во 2016 година. Иако е роден во индија, во Велика Британија стигнал како бебе, и смета дека нема поголема гордост од служење на бротанската кралица.
„За мене, да се биде прв човек кој носи турбан во кралската гарда на велика британија е големо признание, а се надевам дека тоа е признание и за многу други. Мојата мајка плачење тој ден и целото семејство е многу гордо“, вели Лал.