Русија дизајнира вселенско такси за туристи
Руската компанија „Енергија“ планира да направи „вселенско такси“ кое би ги одвело луѓето на Месечината. „Енергија“ ги открила плановите дека работи на вселенско летало тешко 11,4 тони кое товарот и космонаутите би ги превезло на површината на Месечината за пет дена.
Компанијата тврди дека ваквото летало значително би ги намалила трошоците за патот до Месечината доколку пристаништето би било на половина пат помеѓу Земјата и Месечината.
– Мисијата на „Ривок“ возилата ќе ги налаи трошоците за третина од мисијата на вселенскиот брод „Федерација“ – изјавил Јури Макушенко од „Енергија“.
Проектот „Ривок“ е најавен за оваа недела на меѓународната конференција за истражување на вселената која е одржана во Москва.
Вселенското возило ќе биде испратено на Меѓународната вселенска станица со помош на бродот „Сојуз“ и ракетата „ангара“. Со второто лансирање на вселенската станица ќе биде испратен „акцелератор блок“ кој ќе се однесува како гориво за „Рувок“. Тоа е драстично поевтино од потребата за ракетата бидејќи се што ќе биде потребно е вселенски брод и гориво кое ќе ги подигне патниците во орбитата на Земјата.
Кога ќе се враќа од Месечевата орбита „Ривок“ ќе отвори „чадор“ со површина од 55 метри квадратни кој би се разградил кога би влегол во Земјината атмосфера.
Пробниот лет би требало да биде извршен во 2014 година, а туристите би требало да патуваат на Месечината во 2030 година.
Извор: Плусинфо.мк