Усните на афроамериканска моделка предизвикаа расистички скандал
По објавувањето на фотографија на која во крупен план се прикажани усните на црномуреста манекенка од Уганда, Инстаграм профилот на козметичкиот бренд „Мек козметикс“ бил преплавен од расистички коментари и жестоки навреди од интеренет корисниците.
Нивниот профил бил „бомбардиран“ со негативни и расистички коментари по објавувањето на фотографија на 23-годишната убавица од Уганда, Амито Лагун која на своите усни го имала карминот од козметичкиот бренд „Мек“.
Фотографијата од победничката на „Следниот топ модел на Африка“ е снимена во бекстејџот на модната недела во Њујорк, а на прфилот на „Мек козметикс“ била објавена пред неколку дена. Фотографијата досега собрала преку 113.000 лајкови и неверојатни 35.000 коментари, од кои некои особено на почетокот се додека случајот не завршил на стотина портали ширум светот во јасно осудувачки контекст, биле крајно застрашувачки.
Главната работа на која интернет-корисниците и коментаторите се нафрлиле е фактот дека Амито е Афроамериканка со типично изразени, големи усни.
Фотографијата на Инстаграм била преплавена од различни навредливи коментари од типот „дека нема ништо посебно кај црнците“, „Афроамериканките никогаш нема да можат да бидат убави како белите жени, а единствена работа која ја имаат е вишокот на меланин, како тоа воопшто да е важно“, „Сите знаеме дека тие „онаа работа“ ја прават подобро“ и слични расистички и невкусни коментари пренесува „Дејли меил“.
Негативните коментари предизвикале километарска расправа на Инстаграм заедно со коментарите на оние кои силно го осудиле расистичкиот однос, а Амито на сите оние кои ја напаѓале и навредувале им одговорила со својот статус на социјалната мрежа:
„Поради моите усни не спиете. Им благодарам на „Мек“ на овој кармин со одлична боја и на визажистите“.
Колку и да сакаме да мислиме дека живееме во модерно општество каде сите се еднакви, последниот скандал од страна на Инстаграм заедницата докажа дека расизмот е присутен на голема врата.
Извор: Плусинфо.мк