МВР: Расчистен случајот за незаконско поминување на наплатна рампа, објавен на „Тик-Ток“
20.01.2021
Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со видео-клипот објавен на 15 јануари годинава на социјалната мрежа „Тик-ток“.
На видео-клипот се гледа како машко лице покажува некаква легитимација на наплатна станица и без да плати надоместок, поминува со возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки.
-„Станува збор за М.З. (32) од тетовско Желино и со него вчера е извршен службен разговор во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе следи и соодветен поднесок“. –соопштија од Министерсво за внатрешни работи.
М.З. не е вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, како што беше објавено во дел од медиумите.
Стефани Манева
#СВРТетово #ТикТок #Легитимација #НаплатнаСтаница