Д-р Нешковски пожртвувано лекуваше пациенти од ковид-19, вакви трагедии да не се злоупотребуваат во партиски цели, реагира Лекарска комора
Објавено на 15 октомври, 2020 во 16:27
15.10.2020
Лекарска комора на Република Северна Македонија реагира на пишувањата по социјалните мрежи околу смртта на д-р Трајче Нешковски по собраќајката која се случила откако добил срцев удар додека возел на улица „Рузвелтова”, по што се судрил со автомобилот во дрво.
Партиската определба е лична работа на секој поединец и сметаме дека вакви трагедии не треба да се злоупотребуваат во партиски цели.
Токму затоа апелираме до медиумите да се оградат до добивање на официјалните информации од надлежните служби на МВР и Судска медицина и воздржат од понатамошни коментари за трагедијата во која загина нашиот колега.“, соопштија од Лекарска комора.