Регистрирани 169 прекршоци за неносење заштитна маска во изминатото деноноќие
Објавено на 14 јули, 2020 во 09:35
14.07.2020
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие (13/14.07.2020 година) на територијата на државата по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 169 прекршоци.
Од таму апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.