Денеска облачно со дожд во котлините и снег на планините
Објавено на 28 март, 2020 во 09:02
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните и во јужните делови. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Во Скопје денеска претежно облачно со повремен дожд попладне и во текот на ноќта.
Утре и в понеделник, според прогнозата на УХМР, ќе настапи преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, а од среда пак ќе има повремен дожд, а и пониски температури.