Кај месноста Буковиќ близи Стража заловеана е втората женка Рис
Кај месноста Буковиќ близи Стража заловеан е втората женка Рис. Женката е заловена со помош на кафец замка.
Кафезот замка е поставен од Македонското еколошко друштво и е дел од проектот е заштита на балканскиот рис.
-Се работи за здрава женка, на возраст од 2–3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се презедоа стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката, по што рисицата е пуштена на слобода.„Ова е втора рисица што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење. Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште.” истакнаа од Македонско еколошко друштво.
Рисицата доби име Нарциса и` а кумови и се ловџии од ловното друштво „Сокол-З” од селото Зајас, кои присуствувале на процедурата на заловување.
Во изминатава една деценија МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со што се стекнуваат значајни податоци за однесувањето и заштитата на овие животни.
Извор: ММС