Турски државјанин прободен со нож во Гостивар
Во Гостивар турски државјанин повреден со нож, девојка лишена од слобода под сомнение дека го извршила нападот. Во билтенот на СВР Тетово и информации за повреден работник и злоупотреба на лични податоци.
23-годишник од Република Турција, со регулиран престој во Гостивар, бил пронајден со повреда од остар предмет, вчеравечер на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово. Тој бил пренесен во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош. Во 22 часот, во врска со настанот, поради сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид” во Полициската станица Гостивар од слобода била лишена 24-годишна девојка од Република Турција, со привремено живеалиште во Гостивар.
Од СВР Тетово информираат и дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” ноќеска бил донесен 41-годишник од Гостивар, вработен во гостиварска фабрика, кој се здобил со тешки телесни повреди на една нога.
Вчера три лица од Горно Седларце, на возраст од 24 години пријавиле во полицијата дека претходниот ден околу 21 часот и 30 минути по меѓусебна вербална расправија околу паркирање на нивните возила физички ги нападнале 32-годишник од Тетово и уште неколку лица
37- годишна жителка на тетовско село вчера пријавила злоупотреба на лични податоци на нејзината малолетна ќерка од малолетно машко лице од Тетово. Според пријавеното, малолетникот, со кој се познавала од порано, објавил фотографии со експлицитна содржина на социјалните мрежи, кои таа му ги испратила.