Керим се сретнал со новинарите на МПМ но, одлука нема
Срѓан Керим во саботата побарал и остварил средба со штрајкувачките одбори на трите весници, кои ја донесоа одлуката за штрајк во Медиа Принт Македонија.
Керим заедно со штрајкувачкиот одбор на весниците „Дневник“, „Вест“ и на „Утрински весник“ разговарале за усогласување во редакциите, но нема донесено никаква одлука и заклучоци, велат претставници од штрајкувачкиот одбор за ТВ 24.
Средбата на Керим со штрајкувачките одбори од весниците следи еден ден откако Телевизија 24 се обиде да стапи во контакт со Керим, но тој не одговори на повикот.
Овој месец немаше средби со новинарите за состојбите во компанијата. Јануарската плата се уште не е исплатена, и новинарите немаат увид за финансиската состојба во Медиа принт, која е и причината за штрајкот.
Извор: ТВ 24 Вести