Тирана повторно ги прибира лидерите албанци на партиите од Македонија, тие имале решение
Албанската влада подготвило документ-програма за албанските партии за соседна Република Македонија, пренесува телевизија “Визион плус“. Програмата содржи препораки и совети за албанските партии од Македонија, кои освоија пратенички места во новиот македонски парламент од предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Според телевизијата, албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе имал нова средба со албанските лидери од Македонија – Али Ахмети од ДУИ, Билал Касам од Движењето “Беса”, Зијдин Села од Алијансата на Албанците и Мендух Тачи од ДПА. Ова ќе биде втора средба на Рама за последните 15 дена со албанските лидери од Македонија.Според “Визион плус” Тирана сака максимално да се вклучи и учествува во обединувањето на албанскиот блок во новата македонска влада.
Бугарски медиуми пренесувајќи ја оваа информација ,коментираат дека ова е директно мешање во внатрешните работи на Македонија и очекуваат реакција од Скопје.
Извор: Локално.мк