Скопјани во среда на протестен марш против загадувањето на воздухот
На 28 декември, среда, кај Фонтана, Градски Парк, ќе се одржи протестен марш за чист воздух. Организатори на протестот се граѓани и еко-активисти, а тие соопштуваат дека протестот е граѓански и не е поддржан од ниту една политичка партија.
„Загадувањето на воздухот е најголемо до сега дури и до 20 пати над нормалата. Болестите и смртноста поради загадениот воздух драстично се зголемуваат. Најмногу страдаат децата, кои секојдневно се движат одејќи на училиште или во градинка, но и сите граѓани кои живеат и работат во Скопје, локалните и централните власти власти не преземаат ништо демонстрираат тотална негрижа за здравјето и животот на населението“ соопштија организаторите на протестот.
Протестаните ќе маршираат од фонтата до просториите на Град Скопје каде како што соопштија ќе побараат прием од градоначалникот за да му се врачат барањата од протестот. Тие ќе маршраат и до владата каде како што велат ќе побараат средба со премиерот на Македонија, а ќе имаат и обраќања пред владата на РМ и пред канцелариите на Град Скопје.
Еко здруженијата и здружението „граѓани за чист воздух“ кои го организираат протестот имаат и составено листа со 17 барања, меѓу кои се воведување на пар-непар за моторни возила, бесплатен градски превоз цела зима, набавка и бесплатно делење на велосипеди, почесто и потемелно чистење на улиците од улична прашина како и пренамена на парите од панорамско тркало и боемски улици за решавање на проблемите со загадувањето на воздухот.
„Во Париз, Франција, загадувањето достигна 146 микрограми на метар кубен и веднаш се преземаа мерки. Во Скопје со измерени над 1000 mg/m3 ПМ10 честитки и нема никакви мерки. Тоа е недозволиво“, соопштуваат „граѓани за чист воздух“ и ги повикуваат сите граѓани да се придружат на маршот во среда.
Извор: МКД