Денеска се слави Свети Никола
Објавено на 19 декември, 2016 во 09:11
Многу македонски семејства за свој домашен заштитник го имаат свети Никола и неговиот ден го празнуваат со многу свечености.
Во народното паметење овој лик останал како заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода.
Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…