Груевски на одмор во Турција со целото семејство
Објавено на 3 август, 2016 во 10:50
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во следните денови ќе летува со своето семејство во Република Турција, каде што ќе престојува во приватнa режија и аранжман, известија од ВМРО-ДПМНЕ.
Семејството Груевски и лани летуваше во Турција.
Неофицијално, тој заминал утрово од скопскиот аеродром со вооружено приватно обезбедување, со автомобил до авионот и со ВИП процедури.
Извор: Плусинфо.мк