Времето денеска
Објавено на 20 јуни, 2016 во 07:17
Времетоќе биде сончево и многу топло со мала облачност, а долж Повардарието и во западните делови повремено и засилен ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи од 31 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец и дневна температура до 36 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и многу топло време. Од средината на неделата во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утре дневните температури ќе се движат од 32 до 38 Целзиусови степени, в среда од 31 до 37, а в четврток ќе имаме услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.