Трудницата од Крива Паланка не се разбудила од анестезијата
Трудницата која синоќа почина на пат од Куманово за Скопје примила анестезија во кумановската болница каде што била донесена за породување.
Како што соопшти МВР, трудницата не се разбудила по анестезијата и по сите напори за анимирање лекарите одлучиле да ја пренесат на скопските клиники.
На патот за Скопје, трудницата починала, а на скопските клиники во 20 часот е констатирана смртта.
Јавен обвинител наредил обдукција, се работи на утврдување на причините за смртта на трудницата.
Според ПЦЕР, станува збор за 45-годишната Слаѓана Демировска, мајка на три деца.
Партијата прашува, до кога министерот Никола Тодоров ќе се фали дека имаме квалитетено здравсто, кога евидентно е дека расте стапката на смртност на родилки и на бебиња.
Извор: Плусинфо.мк