Табановце: 44 мигранти успеале да избегаат
Од прифатниот камп во Табановце, во близината на Куманово успелае да избегаат 40 мигранти, јавија некои медиуми, наведувајќи дека информацијата е потврдена и од Регионалниот центар за управување со кризи.
Мигрантите, сместени во Табановце, кои биле од Авганистан и Ирак, ја искористиле приликата за бегство, откако во кампот снемало струја.
Тие се упатиле во непознат правец.
Во текот на вчерашниот ден, екипа на Телма беше во транзитниот центар во Tабановце.
Нашиот новинар, Петар клинчарски регистрира дека состојбата е тешка и во транзитниот центар во Табановце каде има 1015 мигранти, од кои една поголема група од Авганистан се сместени веќе три недели. За разлика од мигрантите сместени на меѓуграничниот простор каде хихиената многу потешко се одржува, во кампот ситуацијата е подобра.
Нервозата кај мигрантите и во кампот но и оние кои се наоѓаат на отворени небо се повеќе се чувствува, очекувајќи да им се дозволи да го продолжат патот кон европските дестинации.
Речиси 440 мигранти од Сирија и Ирак се заглавени во зоната помеѓу македонската и српската граница кај Табановце. На овој простор кој се наоѓа од македонска страна престојуваат веќе три дена на дожд и на сонце, откако пристигнаа со возот од Гевгелија. Српската полиција ја затвори границата и не ги пропушта да влезат во нивната држава.
Извор: Телма