Временска прогноза
Објавено на 19 февруари, 2016 во 06:42
Денеска претпладне на места се уште ќе има слаб локален дожд, а во текот на денот ќе има повеќе сончеви периоди.
Во југозападните делови ќе дува умерен до засилен западен ветер. Облачно и посвежо време ќе преовладува во сабота, кога ќе има и повремени врнежи од дожд, на повисоките планини од снег и ќе дува повремено засилен северен ветер.
Потоа во недела и понеделник ќе преовладува стабилно време, а дневната температура ќе биде во пораст.