Уставен суд ја отфрли иницијативата за одложено распуштање на Парламентот
Објавено на 18 февруари, 2016 во 13:30
Уставниот суд ја отфрли иницијативата на пратеникот Павле Трајанов за одложено распуштање на Парламентот и се прогласи ненадлежен да одлучува за распуштањето на Парламентот.
Според судијката Наташа Габер, ваквата одлука на Собранието е преседан. Таа објасни дека при предвремени избори рокот за избори е 60 дена а со одложената примена од 24 февруари, кој годинава е престапен месец, до изборите на 24 април има 61 ден.
Според Габер, тоа значи дека изборите се нелегитимни.
Извор: Плусинфо.мк