Минусни температури, снег и дожд утрово во Македонија
Висината на снежната покривка, утрово во 7 часот, изнесува 1см во Пожар, 2 см во Тополчани, Берово и Дебар, 4 см во Крушево, 5 см во Пожаране, 6 см во Лазарополе, 8 см во Маврово и Ѓуриште и 10 см во Крива Паланка.
Наврнатиот воден талог во литри на метар квадратен изнесува: 0 во Скопје и Гевгелија, 2 во Тетово, Струмица, Кавадарци и Дојран, 3 во Штип, 4 во Демир Капија, Пожар и Берово, 5 во Битола, Прилеп и Ѓуриште, 6 во Пожаране и Охрид, 7 во Крушево, Виница, Крива Паланка и Дебар, 8 во Тополчани и Лазарополе, 9 во Маврово и 10 во Претор.
Исто така утрово се измерени минимални температури од – 6 во Маврово, -5 во Крушево и Лазарополе, – 4 во Пожар, – 3 во Тополчани и во Ѓуриште, – 2 во Пожаране, – 1 во Берово, Охрид, Претор и Крива Паланка, 0 во Прилеп и Дебар, 1 во Битола, Виница и Тетово, 2 во Штип и Куманово, 3 во Струмица, Скопје Петровец, Кавадарци и Скопје, 4 во Демир Капија и Дојран и 5 во Гевгелија.
Денеска времето е претежно облачно , во поголемиот дел од земјава врнежите престанаа. Во североисточните и источните делови и тоа на повисоките места и планините сеуште има повремен снег со слаб интензитет. Слаб снег има и во Прилеп. На некои повисоки места во источните делови има ниска облачност и магла со намалена видливост. Дува умерен до засилен северен ветер кој во Штипскиот регион повремено достигнува брзина до 60 км/час.
Времето денеска е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северозападен правец, кој на моменти на повеќе места ќе достигнува брзина и над 80 km/h. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 8 степени.
Во Скопје е променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Дневната температура ќе достигне до 5 степени.
Времето во наредните денови ќе биде слично, до понеделник ќе преовладува стабилно време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.