Британците купуваат долари и евра во очи на референдумот за излез од ЕУ
Британците кои наскоро планираат да патуваат во странство на големо купуваат странски валути бидејќи владее несигурност по прашањето за текот на фунтата во очи на референдумот за излез на Британија од Европската унија, пишува британски Гардијан.
Британски Post Office, кој ги спроведува една од четирите трансакции со странски валути во Британија објаи во средата како продажбата на странски валути од минатиот викенд пораснала за 74 посто во однос на истиот лански период. Притоа продажбата во домашните продажни места пораснала за 49, а онлајн продажбата за381 посто.
Во август минатата година, девизниот курс на британската валута изнесувал 1,42 милиони евра, за минатата недела падна на 1,26 евра. Но, во последните неколку дена расте, па во средата достигна 1.30 евра.
Сепак, ако Британците на референдумското гласање денеска решат за излез на Британија надвор од ЕУ, фунтата, се проценува, може да падне нагло.
Неодамна инвестиционата банка Голдман Сачс порача дека, во случан на излез на Британија од ЕУ, финтата би можела да изгуби од вередноста и до 20 посто.
За зголеменото купување на странски валути извести и FairFX, компанијата специјализирана за припејд валутни картички на кои однапред може да се стават парите по тековниот девизен курс.
Таа компанија порачала дека многу Британци кои следните недели ќе патуваат во Европа или САД купуваат евра и долари како би ги осигурале средствата по тековниот девизен курс во пресрет на референдумот.
FairFX соопштил како износот на доларот подложен на картички на нивните клиенти оваа недела е зголемен за речиси 30 посто во однос на минатата недела. Во истиот период износот на депонираните евра на при-пејд картички се зголеми за повеќе од 100 отсто.
Извор: Фактор