Ново задолжување од домашни кредитори
Објавено на 27 јануари, 2016 во 09:23
Министерството за финасии од домашните кредитори се задолжи со 19 милиони евра, што е за 10 милиони евра повеќе од првично најавената сума. Денеска по основ на доспеани долгови, Владата треба да врати 9 милиони евра.
Заклучно со третиот квартал вкупниот јавен долг изнесува 43,9% во однос на БДП. Од 2007-ма година тој се зголеми за 2,3 милијарди евра, со пораст и на внатрешното и на надворешното задолжување.
Годинава, по основ на главница и камати за долгови државата од буџетот треба да исплати 450 милиони евра.