ЕП во ракомет: Македонија убедливо изгуби од Данска
Македонската ракометна репрезенатција вчер убедливо со 11 разлика загуби од Данска, со што го заврши настапот на Европското првенство во Хрватска на единасетото место.
По поразот од Чешка, македонските ракометари имаа сили само за едно полувреме против Данска, во кое се држеа и беше изедначено.
Местата 11 и 12 се одредуваат според двете шестопласирани селекции во групите и нивниот број на освоени бодови. Македонија бодовно е подобра од Србија, па така, го зазема 11. место на ЕП.
Ова Европско првенство беше последната шанса на генерацијата на Кире Лазаров да се пласира на повисоко место во европскиот ракомет. На следното поголемо ракометно првенство најверојатно нашата селекција ќе има големи играчки промени.
Сепак, ова издание во Загреб покажа дека ако се има стратегија и волја за работа навистина може да се постигнат значителни спортски резултати, но и вистинско претставување на Република Македонија.