Рекреативен натпревар во мал фудбал на младите од Реформаторите на ВМРО ДПМНЕ
Во спортската сала „Гемиџии“ попладнево мал фудбал играа ченовите на УМС на Внатрепартиската иницијатива за реформи во ВМРО ДПМНЕ. Дванаесеттина млади момчиња, подделени во две екипи, се трудеа да постигнат што повеќе голови. Натпреварот изобилуваше со погодоци па тешко беше да се избројат колку постигна едната а колку другата екипа. Сепак младите фудбалери велеа дека не ги бројат постигнатите голови туку дека целта им била да се дружат и заедно да спортуваат.
– Со сите активности, вклучувајќи ја и попладневнава, испраќаме јасна порака дека Иницијативата за реформи е активна на терен со конкретни настани и потполно спротивно од пасивниот начин на работа на сеуште актуелното раководство на ВМРО ДПМНЕ. Наша цел е промовирање на вистинските вредности и ефективно трошење на слободното време на младите. И токму затоа организираме настани од ваков вид, за младите да се рекреираат и дружат, надвор од партиските активности, – рече портпаролката Катерина Граматова.
Таа соопшти дека вакви и слични содржини на настани ќе практикуваат и во наредниот период./У.Ј