Младата тенисерка Андреев освои трето место на Champions Bowl Србија 2019
Mладата тенисерка Славјанка Андреев од Велес го освои престижното трето место во категоријата јуниорки до тринаесет години на еден од најпрестижните меѓународни турнири во детски тенис во регионот Champions Bowl Србија 2019.
„Турнирот на тениските надежи” е дел од „Champions Bowl by Wilson“ серијата кој од 11 до 13 јули 2019 година се одржа на терените на тенискиот клуб Харон во Белград и е поделен во категории на учесници до 9, 10, 11 и 13 години. Турнирот се игра во вкупно 32 земји.
Oвој турнир е на ниво на Masters Champions Bowl за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, а оваа година, исто како и во претходните две, е поддржан од Тенискиот сојуз на Белград.
На овој прв меѓународен настап, дванаесет годишната тенисерка од Велес се вбројува во редот на најталентираните тенисерки и спортски надежи во својата возраст во регионот и пошироко.
Андреев е добитник на признанието за најуспешен млад спортист на град Велес зa 2018 година.