Педесет и три новозаразени велешани од Ковид – 19 и еден починат сограѓанин
Објавено на 29 октомври, 2020 во 18:11
29.10.2020
Во последните 24 часа, во Велес има регистрирано нови 53 заболени од коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Починат е еден сограѓанин на возраст од 78 години. Во вардарски регион има новозаболени во Кавадарци 24, во Свети Николе шест и во Неготино осум граѓани.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира по шест оздравени пациенти во Велес и во Кавадарци, двајца во Свети Николе и еден во Неготино./У.Ј