Од болничко лекување во велешка болница денеска испишани тројца ковид пациенти
Објавено на 23 октомври, 2020 во 15:59
23.10.2020
На Инфективно одделение во Општа болница Велес, денеска, болнички се лекуваат вкупно 34 ковидпациенти. Од нив 26 се потврдено позитивни додека осум се сомнителни поточно за нив нема стигнат резултат од земен брис.
Десет од пациентите се на кислородна поддршка.
Од одделението, според портпаролката д-р Весна Николовска Неделкова, денеска се испишани тројца пациенти. Тие се оздравени со по два последователни негативни тестови на Ковид-19./У.Ј